Германскиот лекар Винфрид Штекер, кој сам направи вакцина против корона вирусот, и со тоа ги вакцинираше семејството и пријателите, доби кривична пријава.

Штекер, кој има мала клиничко-имунолошка лабораторија во Либек, разви вакцина за корона. Прво ја тестирал вакцината врз себе, по што на 8 мај објави дека е имун на корона вирусот. Потоа ги вакцинирал своите деца и сопругата, како и 100 волонтери.

Откако успешно ја тестирал својата вакцина, тој му се обрати на претседателот на Институтот Пол Ерлих, институцијата одговорна за одобрување на вакцини. Штекер го информирал Институтот дека има ефикасна вакцина со која може да се изврши вакцинирање и чекал позитивен одговор.

Сепак, наместо одговор, Штекер доби повик од полицијата со информација дека е поведена истражна постапка против него за кршење на законот за лекови.

Адвокатот на Штекер побара истрагата да се прекине и истакна дека неговиот штитеник ја давал својата вакцина во рамки на „индивидуални обиди за лекување“, за што не е потребна дозвола за производство. Покрај тоа, тој наведува дека сите вакцината ја примиле доброволно.

Штекер е убеден дека со неговата вакцина може да се вакцинираат три четвртини од населението на Германија во рок од половина година. Како што рече, тој не сакал да заработи пари за вакцината, но му било важно да ја стави под пандемија под контрола, па затоа сакал да ја сподели својата формула со светот. А.Н.