Претставникот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот, Никола Лебел изјави денеска дека ќе го врати мандатот и ќе ја напушти политиката откако во јавноста беше објавено дека неговата компанија остварила профит од договорот за набавка на заштитни маски во раните фази на пандемијата.

Лебел беше критикуван од колегите од партијата и политичките противници откако беше објавено дека компанијата со која раководеше заработи 250.000 евра од добиените договори за набавка на маски.

Тој за германските медиуми изјави дека требало да биде „многу посочувствителен“ и дека направил грешка и дека ќе се откаже од мандатот во Комисијата за надворешни работи во Долниот дом на парламентот.

Лебел вели дека веднаш ќе ја напушти пратеничката група, а ќе се откаже од мандатот во август пред парламентарните избори во Германија на 26 септември.

Тој додаде дека нема да учествува на изборите. А.Н.