Гете-институт Скопје во соработка со Kинотека на Македонија еднаш месечно прикажува актуелни или класични германски филмови за сите возрасти. Со тоа љубителите на филмот ќе имаат можност во текот на оваа година да гледаат 12 филмови од различни жанрови. -Целта на филмовите е да се прошират знаењата за германската култура, историја и разноликост, а преку тоа да се пренесе сеопфатна слика за културниот, општествениот и политичкиот живот во Германија – вели Тања Кригер, директорка на Гете-институт Скопје. По прикажаниот филм Државата против Фриц Бауер (Der Staat gegen Fritz Bauer) на 14 февруариу, следуваат: 26.02. Парис, Тексас (Paris, Texas) 14.03. Западен ветер (Westwind) 11.04. Душевна кујна (Soul kitchen) 16.05. На иста висина (Auf Augenhöhe) 13.06. Кој сум јас – ниеден систем не е сигурен (Who am I – Kein System ist sicher) Сите филмови се прикажуваат во оригинал, на германски јазик, со македонски и албански превод. Влезот е бесплатен.