Трите најголеми глечери на Гренланд би можеле да се стопат побрзо отколку што се претпоставуваше, покажува новото истражување засновано врз стари снимки и други податоци, според кои е проценето колку мраз исчезнал во 20-от век од тие три глечери.

Се проценува дека еден од нив изгубил повеќе од 1.500 милијарди тони мраз од 1880 до 2012 година, другите два 1.381, или 31 милијарда тони од 1900 до 2012 година. Поради тоа топење, нивото на океаните досега се зголеми за повеќе од 8 милиметри.

Климатските експерти на ООН проценуваат дека, поради топењето, нивото на морињата може да се зголеми за 30 до 110 сантиметри до крајот на векот, во зависност од емисијата на штетни гасови.

Врз основа на климатските модели кои го симулираат најцрното сценарио, трите споменати глечери може да доведат до зголемување на нивото на океанот за 9,1 на 14,9 милиметри до 2100 година, пренесува порталот „Индекс“.

Новата студија, сепак, покажува дека ова сценарио предвидувало четирикратно зголемување на температурата во 20 век, во кое овие глечери се стопиле толку многу што нивото на океанот веќе се зголемило за 8 милиметри.

„Најцрното сценарио е потценето. Во случајот на трите проучувани глечери, загубата на мразот може да биде три до четири пати поголема од предвиденото“, велат истражувачите.

 

Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање