Неодамна излезе од печат, а беше промовирана во Скопје и неколку други градови, книгата „ Говор на телото“ на македонски јазик од авторот проф. Д-р Зендел Абедин Шехи. Проф. д-р Зендел Aбедин Шехи е директор на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија во Скопје, професор по меѓународни односи и комуникациски науки.
На објавувањето на книгата му претходеа неколку семинари кои професорот ги одржа на тема „Како да комуницираме поуспешно со луѓето во општеството каде што живееме“:
– Како да ги препознаеме намерите на луѓетоgovor na teloto profesorot
– Како да соработуваме со луѓето кои се наши колеги и колешки (во било која домен, јавен или приватен сектор)
-Како да менаџираме ситуации со луѓе (соработници или клиенти) во средината во која што работиме (институции или во приватни компании).
Најавени беа и нови семинари на овие теми наскоро. Проф. д-р Зендел Aбедин Шехи е роден во Западна Македонија, пораснал во Турција, работи на подобрување на меѓучовечки односи низ Европа, а познава и говори седум јазици.