четврток, април 25, 2024
домаГодинава на "Скопско лето" најмногу простор за домашни автори и таленти

Годинава на “Скопско лето” најмногу простор за домашни автори и таленти

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје денес на прес-конференција ја претстави програмата за четириесет и второто издание на фестивалот Скопско Лето, кое секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули.
Оваа година најголем дел од програмата е отстапен на квалитетни и талентирани домашни автори и уметници, кои живеат во земјава и странство . Ќе настапат и гости од регионот, Србија, Хрватска и Црна Гора, но и од Австрија, Германија, Канада, изјави директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Никола Глигоровски.
Програмата, ќе изобилува со содржини насочени кон оние кои културата ја гледаат како забава, но исто така има и содржини што се обраќаат на публиката која има изградено високи естетски мерила и критериуми. Ќе има музика, но ќе има и изложби, театарски претстави и филмски проекции во рамките на „Кафе кино“, балет,танц…а во програма ќе учествуваат со свои програми кореографот Игор Киров со балетската претстава “Сви марш на плес” и композиторот Давор Јордановски кој 20 години живее во Канада, потоа “Танец”,”Монистра”…
Манифестацијата ќе се отвори на 21 јуни  со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, што ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, со почеток во 21 часот. Ќе се изведуваат дела на П. Маскањи, М. Мусоргски, Џ. Пучини, П.И.Чајковски, Р. Леонкавало, Ш. Гуно, В. Белини и Џ. Верди. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.
Настанот е во соработка со Националната опера и балет. Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!
По повод 110 години од раѓањето на Димче Коцо, во негова чест Националната галерија на 23 јуни ќе ја отвори изложбата „ Омажот за Димче Коцо“, во Чифте амам. Изложбата ќе опфати речиси 150 таписерии, слики, скулптури и цртежи од сите фази на неговото творештво, како и негови лични документи, а ќе биде отворена до крајот на август.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ