Две американски демократки муслиманки за првпат влегоа во Конгресот на САД. Сепак, ова не е единственото по што овие избори ќе бидат запаметени низ историјата, пишува „Базфид њуз“.

На политичката сцена, победа однесоа исто така и Американки со индијанско потекло, политичарки кои претходно живееле на ваучери за храна, отворени хомосексуалци…

Затоа, овие избори се впечатливи од повеќе причини и поради повеќе кандидати:

  1. Рашида Тлаиб и Илан Омар, првите муслиманки во Конгресот на САД

Демократките Рашида Тлаиб од Мичиген и Илан Омар од Минесота станаа првите муслиманки избрани во Конгресот. Двете кандидатки застапуваат политички напредни ставови, како што е минималната плата од 15 долари и реформа на имиграцијата, пишува „Базфид њуз“.

Тлаиб, од Претставничкиот дом во Мичиген, е ќерка на палестински имигранти, а Илан Омар пристигнала во Америка како девојче откако избегала од Сомалија поради граѓанската војна. Нејзиното семејство ја напуштило Сомалија кога имала само 8 години и поминала 4 години во камп за бегалци во Кенија.

  1. Деб Халанд и Шарис Дејвидс се првите Американки со индијанско потекло што се избрани во Конгресот.

Халанд, демократка од Ново Мексико, самохрана мајка и членка на племето Лагуна Пуебло, некое време беше претседателка на Демократската партија. Во својата 57-ма година таа сеуште ги отплаќа студентските кредити, а во еден период од нејзиниот живот живееше од социјална помош и ваучери за храна. За весникот „Албакерки џурнал“ изјавила дека смета оти граѓаните на Ново Мексико сакаат функционери кои „знаат колку им е тешко“.

Шарис Дејвидс, демократка и членка на племето Хо-Чунк, е прва ЛГБТ претставничка во Канзас и прва ЛГБТ Американка со индиско потекло во Конгресот.

  1. Александрија Окасио-Кортез и Аби Финкенауер се најмлади жени кои некогаш биле избрани на Конгресот.

Александрија Окасио Кортез, од Њујорк во август наполник 29 години и стана најмладата жена што некогаш влегла во Конгресот.

Еби Финкенауер и Синди Аксне се првите жени во Ајова кои влегоа во Претставничкиот дом. Финкенауер има 29 години.

  1. Ања Присли е првата црна жена од Масачусетс во Конгресот.

Ања Присли е првата црна жена од државата Масачусетс, која беше избрана во Конгресот. Присли за „Базфид њуз“ во јули изјави: „Знам како да живеам како црнкиња. Моето гледиште за светот и моите животни вредности значително се разликуваат од вредностите на противничкиот кандидат (Капуана). Сега граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу овие два многу различни погледи на светот“.

  1. Џерод Полис, прв гувернер хомосексуалец.