четврток, април 25, 2024
домаНасловнаГолем позитивен пад во Шпанија - некои дневни бројки преполовени

Голем позитивен пад во Шпанија – некои дневни бројки преполовени

Во Шпанија 410 луѓе починаа во изминатите 24 часа, што е големо намалување во однос н вчера кога се забележани 565 смртни случаи од коронавирус. Има 1528 новозаразени, што е исто така значителен пад во однос на вчерашните повеќе од 3.000 случаи.

Премиерот Педро Санчез ќе побара од Конгресот да ја продолжи вонредната состојба до 9 мај, и покрај тоа што во неделата е забележана најниската дневна бројка на смртни случаи од 22 март. Но, тој исто така најави олабавување на мерките почнувајќи од 27 април. Само најмладите, или децата под 12 години, ќе можат да се движат.

Поблаги мерки ќе бидат воведени прво во оние области каде што стапката на зараза е најниска. Андалузискиот претседател Хуан Мануел Морено ќе побара во недела да се олеснат мерките на неговата територија. Ова важи и за Мурција, бидејќи овие се двата региони со најмал број заразени.

Властите исто така соопштија дека ќе ја ограничат цената на заштитните маски.

Вкупниот број на смртни случаи во Шпанија од почетокот на пандемијата е 20.453, бројот на заразени е 195.944, додека 77.357 лица се излечиле. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ