Уште една печалбарска песна стана дел од македонската сцена, овој пат со гласот на Горан Божинов, од Кочани, имено, тој ни го претставува и својот спот за своето првенче ”Печалбарска судбина”.

Музиката, текстот и аранжманот се на Георги Арсов Гого од Делчево, а кларинет свири Серкан Секо Мемедов исто така од Делчево.

Во спотот се појавуваат членовите на ”Китка” Истибања под раководство на Стојко Митковски.

Горан открива детали за себе :

– Талент за музика поседувам уште од најрано детство, благодарение на дарбата од Бога. Моите најпрво ми набавија тапан бидејќи сакав да научам да свирам на тапан но тоа испадна како неуспешен обид, потоа хармоника ама и тоа неуспешно, па детски синтисајзер а потоа дедо ми, по мајка, ми направи кемане. Ех, и тоа се покажа неуспешно, па на крај преовлада тарабуката која ја совладав одлично, по малку тапани и сосема на крај во фокус влезе и преовлада пеењето. Во моето детство во пеев во моето маало, кај нашите фамилијарни пријатели Крстови, кои се наоѓаат привременово Словенија, а тогаш беа сопственици на ноќниот клуб ”Слада” во Оризари- Кочанско. Кај него, сопственикот Стојанчо Крстов, одев како љубопитно дете, заедно со мојата тетка Нада Божинова, и се чувствував сигурен затоа што таму работеше келнер и мојот сосед, а и вујко ми Стојанчо Момчилов беше чест гостин. Ме носеа на настапи на Горан Тодоровски, Зоран Ванев, Соња Пејовиќ, Јулија и други доста познати имиња од македонската естрада, и замислете каква одушевеност тие предизвикуваа кај едно млечно момче вљубено во музиката, ха, ха. Македонските песни ми беа омилени, шетав подворот ги пеев, ама обожавав и забавни, не оддолевав на Здравко Чолиќ, “Пусти, пусти моду” ја пеев на цел глас, низ насмевка се потсетува Горан како почнал со пеење

-А на локално ниво започнав да се занимавам со пеење од своја 13-14 годишна возраст, настапувајќи во кафеаната “Матиза'” Оризари, кај Злате и Златица кои сега се наоѓаат на привремена работ во Германија. Почнав во кафеана и ете по пауза од долг временски период во соработка со Ин Тв го снимив мојот прв пост. Продолжувам со музика, ни открива Горан.