Како што пренесува “Струмица Денес” гори трговскиот центар „Глобал“ во Струмица кој зафати повеќе продавници.

Според информации од читатели огнот ги зафати приземните простории каде се сместени повеќе продавници, а е проширен и на горниот кат од објектот каде има десетици продавници и локали.

Пожарот избувна пред полноќ и брзо се шири, а пожарникарски екипи од Струмица и околните градови се борат со огнените јазли. Пред ТЦ се мобилизираат и граѓани.

Не се знае причината за пожарот, како ни тоа дали имало луѓе во ТЦ во време на избувнување на пожарот

.Н Д.

Фото:фејсбук