четврток, април 25, 2024
домаЖивотГрадоначалникот на Куманово информира дека и тој е заразен и повика на...

Градоначалникот на Куманово информира дека и тој е заразен и повика на дисциплина

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитровски, преку неговиот фејсбук профил денеска им се обрати на своите граѓани и ги информира дека и тој е еден од 40те нови заразени во Куманово. Димитровски повика на дисциплина и побара од граѓаните да не дигаат паника, туку да ги почитуваат владините мерки.

Во неговото обраќање до граѓаните тој пишува:
– Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас.
Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.
– Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.
Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.
Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа! 

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ