На прашањето на новинарите дали  е точно дека има позитивни на вирусот корона во општината Чешиново Облешево, министерот Филипче Рече дека немал таква информација, да само неколку часа подоцна градоначаникот на општината самиот потврди дека е позитивен на вирусот.

Во изјава за Слободен Печат, Горанчо Крстев-Грга, градоначалник на општината потврдува дека е позитивен на тестот за корона вирус. Тој објаснува дека откако дознал за починатиот фризер од Кочани дека бил позитивен на вирусот, а кај кого одел на бербер и последен пат бил на 23 март, веднаш побарал да се тестира. Со сопругата направиле две тестирања, прво во Систина, кој тест бил негативен, па во Филип Втори кој тест покажал дека се позитивни.

Крстев кажува дека немал контакти со други политичари повеќе од еден месец, како и тоа дека службено во меѓувреме не доаѓал во Скопје, освен за тестирањето. Сите вработените во општината добиле налог за самоизолација.

Тој потенцира дека се чувствува добро и дека нема температура.

Н.Д.