Валентина Ѓоргиевска Парго
Ќе биде ли Аристон театар, од Санремо новиот домаќин на следната Евровизија, кој долги децении е исполнет со гламур, елеганција и екстраваганција на истоимениот фестивал? Градот Санремо, дом на музичкиот фестивал кој ја инспирираше Евровизија, изрази желба да се пријави и да биде град домаќин на Евровизија 2022 година. Сместен во северниот регион на Лигурија, Санремо е домаќин на иконскиот италијански музички фестивал што го носи истото име.
Има 55.000 жители, што би го направило најмалку населениот град домаќин на Евровизија од Милстрит во 1993 година.
Театро Аристон, што веднаш ќе го препознаете од фестивалот Санремо, е означен како најпосакувано место во градот. И покрај историската привлечност на предлогот, тоа би бил прилично нетипичен избор, бидејќи може да прими само 2.000 луѓе. Предлогот дојде од регионалниот претседател на Лигурија, Џованоти Тоти, кој рече: „Веќе размислуваме за следната година и имаме за цел да ја организираме Евровизија 2022 во Санремо. Тоа е во градот на цвеќето од каде започна сè, и тоа е куќа на италијанска музика. Не смееме да заборавиме дека победникот на Фестивалот ќе ја претставува и нашата земја “, рече тој, алудирајќи на годинешните претставници и победници “Манескин” кои победија на Сан Ремо.
Милано и Фиренца се следните два предлози, иако пред тоа Торино беше исто една од споменатите опции од страна на евровизиските познавачи.