Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека од идната недела е можно безусловно отворање на границите.

“За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела”, најави министерот за здравство Венко Филипче, кој објасни дека со отворањето на границите во целиот регион карантинот ја губи смислата.

Вчера голем број на македонски здруженија од дијаспората имаа отворено потпишување на петиции за отворање на границите и овозможување на македонските граѓани без никакви услови – ПСР тест и самоизолација да можат да дојдат дома за време на летните одмори.

Н.Д.