четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаГран при за Валентина Ѓоргиевска Парго на „Канеофест 2018“

Гран при за Валентина Ѓоргиевска Парго на „Канеофест 2018“

Музичкиот фестивал „Канеофест” го доживеа своето 17-то издание на 30-ти јуни во Охрид каде сцената ја споделија познати македонски изведувачи и нови музички имиња. Гран при наградата на годинашниот „Канеофест“и беше доделена на пејачката и новинарка Валентина Ѓоргиевска Парго која ја изведе нумерата „Тајна љубов“, дело на Ристо Апостолов од групата „Водолија“, на текст на Цане Трајчевски.

Стручното жири ги додели и следните награди за поп изведби на „Канеофест 2018”:

1 награда од жири – Љупчо Јошевски – „На срце ми остави потпис”
2 награда од жири – Божидар Николовски – „Да си моја”
3 награда од жири – Петар Нечовски – „Бакнувај ме-израдувај ме”

1 награда од публика – Славчо Спироски Слав – „Времето мине останува спомен”
2 награда од публика – Дејан Добревски – „Без тебе јас сум нула”
3 награда од публика – Ице Панов – „Буби”

Најдобар аранжман: Мими Марковски за нумерата „Да си моја” во изведба на Божидар Николовски
Најдобар текст: Цане Трајчевски – „На срце ми остави потпис” во изведба на Љупчо Јошевски

За фолк изведбите на 17-то издание на фестивалот „Канеофест” наградени се:

1 награда од жири – Петар Нечовски – „Фанче, Фанче лично охриѓанче”Ж
2 награда од жири – Амбасадор бенд – „Синот ти се жени мајко”
3 награда од жири – Маја и Ружица Герасимоски – „Дали думнаш сестро”

1 награда од публика – Горан симески – „Лично моме”
2 награда од публика – Маја Ќировска – „Станвај ќерко”
3 награда од публика – Славица Стевовска – „Чочек чифтек”

Најдобар текст: Здравко Кузески за песната „Чочек Чифтек”
Најдобар сценски настап: Драганче Митрески – „Нема прави мажи”
Најдобар аранжман: Дејан Митровски за песната „Синот ти се жени мајко” во изведба на „Амбасадор бенд“

Водителка на годинашното издание беше Кристина Алексиеска, а во ревијалниот дел настапи познатиот македонски фолк пејач Наум Бурназ со своите најголеми хитови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ