Foto Pixabay com

Иако вечера министерот за здравство Венко Филипче најави дека веб-страницата за пријавување и изразување интерес за вакцинација против Ковид-19 треба да биде функционална од денес, таа се уште не е ативна.

И на двете посочени страни, kovid19vakcinacija.mk и vakcinacija.mk пишува само „НАСКОРО“.

Само колку за потстеување министерот објасни дека секој граѓанин на РСМакедонија ќе може да се пријави на сајтот, а системот сам ќе генерира приоритети, што значи дека ќе ги прими податоците дури и за помладите кои немаат хронични болести, а кои изразуваат волја за вакцинација. Тој објасни дека ќе се вакцинира секој што ќе изрази волја, но тогаш кога ќе му дојде редот за вакцинација, за што на граѓаните што изразиле интере ќе им стигне соодветно известување.

Предност во пријавувањето ќе имаат групите за кои е задолжителна вакцинацијата, лицата постари од 70 години и лицата со коморбитети, каде се утврдени 350 групи на дијагнози, како и  лицата над 60 години, а и понатаму продолжува спуштањето на старосната граница.

Граѓаните откако ќе ја пополнат анкетата, за регистрирање на пријавувањето ќе бидат известени преку електронска пошта или ќе добијат код на телефон како потврда, и соодветно на групата која спаѓаат за терминот и местото на примање на вакцината ќе бидат известени од матичниот лекар.

А.Н.