Повеќе од 450.000 граѓани на Турција преку Твитер на претседателот Реџеп Таип Ердоган му порачаа „Доста“. Тие така реагираа на неговата изјава што ја даде на конгресот на својата партија, дека „ако еден ден народот каже доста, тој ќе отстапи од власта“, пренесува британски „Гардијан“.
Тие на Твиер напишаа „tamam“ што значи „доста“, а некои освен тие зборови додаваа слогани и стикери. Поедини го напишале овој збор онолку пати колку што е дозволено на Твитер да се напише во една објава – 140.
Ердоган е еден од кандидатите на претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат во Турција на 24-ти јуни. Ердоган е на власт веќе 15 години, прво како премиер, а од 2014 година како претседател.
Претставниците на опозицијата го сметаат за авторитарен лидер, а најмала поддршка има на Егејскиот брег на Турција, некои од Курдските области и делови од Истанбул и Анкара.