Во скопската населба Маџари, на улицата „Благоја Стефковски“ е вистинска реткост, односно невозможно да најдете обележан пешачки премин. Иако станува збор за многу фреквентна улица во населено место, која го поврзува градот со општина Илинден, пешачките премини службите или ги цртаат одвреме-навреме со боја што брзо се излитува, или воопшто не ги обележуваат. За доказ, од сите агли, ја сликавме локалната уличка која се припојува кон улицата „Благоја Стефковски“, во близина на црквата Свети Спас. Надлежните треба да преземат соодветни сообраќајни безбедности мерки за граѓаните.