До редакцијата на ТЕХТ.МК стаса писмо во кое Абдулкадир Исаки не информира дека  утре, понеделник, на ден 21.10.2019 од 09:00 до 13:00 часот ќе биде организиран протест од него,  подржан од роднини и пријатели пред влезот на базната станица на АД Гранит кој се наоѓа на магистралата Скопје-Приштина(Качанички Пат). Според информацијата што ја испрати Исаки, причина за протестот е: „Криминалната, арбитрарна и диктаторска узурпација на мој имот со имотен лист бр.1221 издаден од Катастар на РСМ од страна на АД Гранит„…Тој тврди дека веќе 30 години АД Гранит го попречува неговото  право на сопственост која ги употребува врските со секоја власт, особено со судската и 30 години во континуитет го уништува него и неговото семејство.

Дали се крие нов скандал, овој пат со АД Гранит?