Како што пренесуваат грчките медиуми од 17 август се најавува отворање на копнените граници со соседите, но влегувањето ќе биде само до ПСР тест.  И Грчките граѓани и оние лица со дозвола за престој исто така се должни да го прикажат тестот. Тестот мора да се изврши во земјата на потекло, а не во Грција. За патувања со авион ПСР тест е задолжителен за оние кои слетуваат од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија.

Портпаролот на Владата на Грција, Аристотелија Пелони,  во врска со состојбата за КОВИД 19 изјави:

„Што се однесува до копнените граници, од 17 август, е задолжително да се прикаже негативен тест за молекуларна контрола (тест PCR) за сите лица кои влегуваат од копнените граници. Тестот не смее да биде постар од 72 часа пред да влезе во Грција. Грчките граѓани и оние лица со дозвола за престој исто така се должни да го прикажат тестот. Тестот мора да се изврши во земјата на потекло, а не во Грција“.

Во најановите Одлуки се вели дека од 16 август ќе има лимит во дозволениот број на граѓани на граничниот премин Какавија, со Албанија. Поточно, од 16 август ќе можат да преминат до 750 луѓе на ден.

Суспендирани се сите јавни настани, а е забрането работењето на продавниците  во периодот од 12.00 часот по полноќ до 7,00 часот наутро од 11 до 23 август, во неколку области, меѓу кои и Халкидики, Крф, Солун и Катерини.

А.Н.