четврток, април 25, 2024
домаНасловнаГрците ќе ни прогледаат низ прсти летово?!

Грците ќе ни прогледаат низ прсти летово?!

Во Грција во среда ќе се донесат конечни одлуки околу тоа како и на кој начин ќе може да се летува кај нив, но како што дознаваме има неколку сценарија кои се однесуваат на летната сезона кај нашиот јужен сосед.

Копјата меѓу туристичките асоцијации на Грција и владата се водат околу третирањето на туристите од соседството, тука мислат на нас и Србите, како најредовни гости, но и на Албанците и Бугарите кои во голем процент поминуваат на одмор во Грција. Имено, туристичките работници инсистираат да има поблаги мерки за туристите од соседството и да не им се бараат тестови за вирусот, туку да им се мери температура на влез во државата.

По притисокот што го вршат врз грчката влада, има размислување туристите да ги поделат според начинот на кој ќе дојдат во Грција. Па, така за оние кои со авион ќе слетаат во Грција ќе мора да имаат тест или да го направат на аеродромот каде ќе слетаат, додека за оние кои ќе патуваат со кола, ќе им се мери температура на граница.

Доколку пак ЕУ воведе здравствен картон кој ќе бид задолжителен за влез во државите на ЕУ, Грција ќе мора да го бара од секој турист, па и од оние од соседството. На здравствениот картон ќе има информација за здравствената состојба на патникот и тоа дали има направено тест за корона вирусте и доколку нема ќе мора да направипри влез во државата. Сега Грците кои се познати трговци и за ова смислиле „лек“, па велат дека веруваат дека до 1 јули цената на тестот ќе стаса до 10 евра по лице, иако сега истиот чини 190 евра. Колку ќе биде реален или само ќе ја задоволува формата, останува да видиме. Или, да почекаме до среда кога ќе има и одлука на грчката влада!

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ