Грција воведува тридневен карантин од 18 декември за сите патници кои пристигнуваат во земјата со авион.

Грчката агенција за цивилно воздухопловство денес издаде нота со која се проширува мерката за заштита на авио-патниците и населението од заразување со коронавирус, што вклучува задолжителен тридневен карантин за сите патници кои влегуваат во Грција.

Одлуката се однесува и на патниците кои доаѓаат во Грција од земјите членки на ЕУ и ќе биде на сила од 18 декември до 7 јануари, објави агенцијата АНА. Патниците кои влегуваат во земјата од странство ќе треба да поминат три дена во изолација на адресата наведена во образецот. А.Н.