По објавувањето на листата на безбедни држави од кои земјите на ЕУ ќе примаат патници, се чини желбата на македонските државјани да летуваат кај нашиот јужен сосед, оваа година ќе остане (не)исполнета. Откако вчерва ЕУ ја објави листата, а на која не се наоѓа Северна Македонија, со сигурност Грција и во наредните 15 дена ќе има црвен семафор за нас. Со самото тоа што листата ќе се обновува на секои 15 дена, тоа ќе значи дека ни останува да чекаме да видиме дали за две недели ќе успееме да се избориме со вирусот и да го намалиме нејзиното ширење, во спротивно ќе го чекаме 1 Август.

Инаку Грција воведе нови правила за туристите кои ќе сакаат да влезат на нејзина територија.  Од сите туристи се бара да пополнат онлајн апликација, која содржи информации за земјата од каде доаѓаат, како и адресата на дестинацијата за престој во Грција.

Мерката е дел од напорите на грчките власти да го спречат ширењето на коронавирусот, со оглед дека сите меѓународни аеродроми ќе бидат во функција во земјата од 1 јули.

Декларацијата мора да биде комплетирана 48 часа пред патувањето. Регистраторот потоа добива е-пошта и код со кој ќе може да влезе во Грција. Луѓето кои доаѓаат од земји во „црвената зона“ ќе бидат тестирани за коронавирус по случаен избор.

Патниците кои нема да ја пополнат онлајн апликацијата, нема да можат да влезат во земјата. Апликацијата што треба да се пополни е на англиски јазик. Покрај тоа од каде доаѓате и од каде одите, мора да внесете и лична карта, мобилен телефон и е-пошта. Пополнетиот формулар генерира единствен QR код што треба да се достави до граничните власти. Без овој код нема да можете да ја преминете границата.