Грчката влада донесе нова одлука во врска со влезот на македонски граѓани во земјата и која стапи на сила денес. Според информациите од Атина, мерките со кои се регулира влезот на странски државјани во Грција, вклучително и на нашата држава, и кои важеа до 25 октомври, се продолжени до 8 ноември, кога сегашната епидемиолошка состојба повторно ќе се скенира.

Сепак, со оглед на тоа што короната во Грција експлодираше последните денови, речиси илјада луѓе се заразуваат дневно и дека во некои градови е воведен ограничен карантин, јасно е дека овие мерки ќе бидат на сила до крајот на оваа и почетокот следната година.

Слична одлука донесе неодамна и Европската Унија, која исто така  ја стави С.Македонија на списокот на трети земји чии граѓани не можат да влезат во земјите на ЕУ.

Н.Д.