Грција од утре и официјално ја започнува туристиката сезона и ја дига границата за неколку држави, но не и за Северна Македонија и Албанија, иако и двете земји беа на листата од 19 земји или земји од првата фаза за кои беше предвидено дека ќе може да влезат од 15 јуни.

Според грчкиот министер за туризам, границата со нашата земја и Албанија најверојатно ќе биде отворена на почетокот на идниот месец, иако како што тој изјави најмногу ќе зависи од бројот на заразени во двете држави.

Северна Македонија вчера со Протоколот за транзит на патници ја отвори границата за граѓаните на Србија, со што тие ѓе можат непречено да одат за Грција преку нашата земја, но нивното патување не смее да биде подолго од 5 часа и  не смеат да излегуваат од предвидениот правец.

Бугарија исто така воведе карантин за државјани на Северна Македонија, по бројот на заразени кај нас.

Н.Д.