Откако Грција објави дека нема да ја дигне границата со Северна Македонија до 31 Јули поради бројот на новозаразени со корона вирусот, и Wizz Air се огласи со суспендирање на летови од и до скопскиот и охридскиот аеродром.

Имено, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија денес најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до нашата земја, авиокомпанијата ги суспендира сите летови помеѓу Италија и РС Северна Македонија до 31 Јули.

Од пред неколку дена ги суспендира сител летови од и до Охрид. Наредниве денови останува да видиме дали по суспензијата на летовите до и од Италија и Малта ќе следат и други.

Н.Д.