четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаГрција најави отворање на границите во мај

Грција најави отворање на границите во мај

Странските туристи ќе може да влегуваат во Грција со потврда за вакцинација или негативен тест за „ковид-19“, јави грчката телевизија „Стар“. Според телевизијата, Грците почнуваат да ги попуштаат строгите анти-епидемиолошки мерки, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени. Сепак, грчки експерти најавија дека очекуваат бројот на заразени да се намали во текот на следната недела и дека не очекуваат толку многу тешки случаи во болниците.

Првата релаксација на мерките започнува на 22 март, а потоа постепено се планира отворање. До мај, се очекува и странските државјани од истокот да можат да влезат во Грција на одмор.

Планот за Грција да се отвори од крајот на овој месец за сега изгледа вака:
на 22ри март – отворање на малопродажни места, трговски центри и фризери. Засега, купувањето ќе може да се врши еднаш на ден, со временско ограничување од три часа и во радиус од 2 километри. Гимназиите и факултетите се отвораат во ист ден. За 29 март предвидено е отворање на основните училишта, на 20 април – отворање на ресторани што ќе може да примаат гости само во градините. Во мај започнува официјално туристичката сезона, во јуни – отворање барови и спортски сали, како и дозвола за свадби и крштевки, но само на отворено.

Она што останува необјаснето е вакцинација со кои вакцини ќе се признава и што со оние кои прележале корона, имаат антитела, но не можат да патуваат бидејќи немаат ковид-пасош. Во однос на признавањето на вакцините се претпоставува дека сите вакцини ќе бидат признаени, сообено што веќе шест земји од ЕУ најавија купување руски и кинески вакцини

Дури шест земји од ЕУ набавиле или објавиле набавка на источни вакцини, иако тие сè уште не биле одобрени од регулаторното тело на оваа Унија.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ