Ова лето одмор само дома! Откако ЕУ излезе со абдејтираната листа за (не)безбедни држави, станува јасно дека летување ќе има низ домашните туристички ресорти. Северна Македонија не се најде на листата на земји безбедни за патување, а и во Грција не успеаа да се договорат за отворање на границите со Северна Македонија.

Последната информација оттаму вели дека нема да има отворање на границите до 15 август, за кога е закажан нов состанок на кој ќе се разгледува епидемиолошкаат слика на нашата земја и другите соседни земји на Грција и ќе се донесе нова одлука.

По оваа информација, а која патем многумина ја чекаа, станува јасно дека амкедонските државјани слободно може да патуваат само во Албанија и Турција. За влез во Бугарија е неопходен Пи-Си-Ар тест.

Н.Д.