Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис денеска најави дека секој кој сака да оди на одмор во Грција тоа ќе може да го прави почнувајќи од 15 јуни. И, онашто е најважно бе да биде тестиран на корона вирус и без 14 дневен карантин.

Од 15 јуни во земјата ќе можат да влезат само гражаните од т.н. прва група на земји, а како што кажа Теохарис, а пренесува Greekreporter, тоа се соседните балкански земји и некои северно европски со добра епидемиолошка карта.

Првиот чекор во планот за заживување на туризмот во Грција е започнување на домашниот туризам. Ова ќе се случи од 1 јуни со отворање на кампови и хотели кои работат преку целата година. Сите други ќе бидат отворени на 15 јуни. Од истиот датум, ќе биде отворен и аеродромот во Атина.

Граѓаните од втората група на земји ќе бидат примени во земјата на 1 јули. Земјите со негативни епидемиолошки карактеристики ќе бидат исклучени од тоа. На истиот датум, летовите  од странство ќе започнат кон сите аеродроми во Грција, од сите земји.

Пред некој ден и Грција и Бугарија ги објавија датумите на отворање на границите и условите под кои ќе примаат странски туристи, само ние се уште немаме стратегија или план. И нам очигледно исто ни е дали ќе ги отворат границите, кога не знаеме дали по одмор во странство ќе треба да одиме во 14дневен карантин, на пример…Или можда прво избори, па после се друго?!

А.Н.