Грција од утре ги спушта рампите на сите копнени граници за туристите, граничните премини како со Сееврна Македонија, така и со Албанија и Турција. Со Бугарија останува отворен само преминот „Кулата„ додека преминот „Маказа“ кој до вчера беше отворен и за автомобили веќе е затворен, пренсува Нова.бг.

Од недела, туристите можат официјално да влезат во Грција само преку граничниот премин Кулата. Ова го одлучија грчките власти и точно во 14 часот ја затворија границата кај Маказа. Бугарите, меѓутоа, можат да се вратат во Бугарија преку сите гранични премини.

Грција ги затвора своите граници со српските туристи и од утре од 6 часот нема да се примаат српски туристи поради пораст на бројот на лица со коронавирусот.

Одлуката да се сопрат туристите преку Маказа, исто така, доведе до сериозен пад на патниците, а во Грција локалните власти издадоа протестни писма до владата и најавија протести.

Н.Д.