Грција ја започна новата меѓународна туристичка сезона. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во понеделник официјално ќе ја отвори туристичката сезона на островот Санторини. Но, барањето на локалните здравствени власти за карантин од 7 дена истекува во понеделник. Копнената граница со Бугарија ќе биде отворена и без услов за карантин, но се уште не се знае дали границата со Албанија и Северна Македонија ќе биде отворена, односно од кога.

Летовите само од Италија, Шпанија и Холандија кон Грција продолжуваат во понеделник, додека летовите од и до другите земји ќе започнат на 1 јули. Патниците по слетувањето ќе бидат тестирани за коронавирус и, доколку бидат тестирани позитивни, ќе бидат ставени во 14 дневен карантин.

Н.С.