Дали некогаш сте добиле таква силна желба за слатко што сте биле во можност да направите сè за кутија чоколадни колачиња?

За повеќето луѓе, оваа необјаснива желба за слатко и чувството на задоволство по нејзиното консумирање потсетува на вистинска зависност, како онаа од дрога. Исто така, објавени се многу студии, кои овие необични ефекти кои шеќерот ги има врз нашиот мозок ги споредуваат токму со ефектите кои ги имаат различни дроги. Исто така, тука е фактот дека конзумирањето на шеќер води до зголемување на желбата за слатко, како што е случај со зависноста од дрога.

Сепак, се чини дека нарекувањето на оваа појава вистинска зависност е малку драматично. Според најновите истражувања на познатиот Универзитет во Кембриџ се чини дека всушност има многу докази за поддршка на концептот на зависноста од шеќер кај луѓето.

Сите претходни студии проучувале глодари, а не луѓе …

Еден тим на научници, кои проучувале претходно објавени студии во нив наишле на неколку големи недостатоци, но еден од најголемите бил фактот дека студиите се вршеле на глодари, наместо на луѓе. Друг недостаток е фактот дека луѓето обично консумираат шеќер во комбинација со друга храна и хранливи материи, а глодарите во претходните студии консумирале само шеќер.

Зарем нашиот мозок не е „поврзан“ така да бидеме зависни од шеќер?

Консумацијата на шеќер ослободува допамин, невротрансмитер поради кој се чувствуваме добро и „наградено“. Злоупотребата на дрога, исто така, се поврзува со напливот на допамин, но научниците тврдат дека начинот на кој нашиот мозок реагира на дроги, како што се хероин и кокаин, е различен од начинот на кој реагира на шеќер.

Кога животните во претходните студии добиле шеќер, нивниот допамин веднаш се зголемил, но брзо се вратил во нормала. Дури и кога консумирале повеќе шеќер, нивоата на допамин останале непроменети. Но, во студии во кои глувци биле обучени да земаат кокаин, допаминот по првичниот наплив не се враќал во нормални нивоа, и уште повеќе се зголемувал по новите дози.

Зависноста од шеќер не постои?

Горенаведените заклучоци не значат дека шеќерот одеднаш е добар за нашето здравје, бидејќи сеуште може да има негативни ефекти врз нашиот организам – акумулација на килограми, нарушување на хормоните и акни се само некои од нив. Сепак, погрешно е интензивната желба за слатко да се нарекува „зависност“, и се чини дека овие тврдења повеќе не се ниту научно втемелени. На крајот на краиштата, некои слатки се едноставно премногу вкусни и на сите им е тешко да запрат само на една порција.