Фото: Dreamstime

Постојат два типа на луѓе во светот – оние кои носат чорапи додека спијат и оние кои претпочитаат да бидат боси. Некои не можат да заспијат ако чорапите не им се на нозе затоа што им е ладно, а други не можат со нив затоа што им е топло.
И сега, многумина се убедени дека станува збор за навика, а всушност тоа е состојба на ум и нема никаква врска со топлината и студот во просторијата и е поврзан со состојбата на организмот, велат психолозите. Еве го објаснувањето:

Луѓе кои спијат со чорапи
Тие го прават тоа затоа што навистина се чувствуваат ладно, иако не е ладно во собата. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето во чорапи е исто така одраз на психата. Луѓето кои во никој случај не можат да заспијат без чорапи на нозе, обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да останат на удобни места и секогаш се трудат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го споделуваат својот личен простор со други луѓе.

Луѓе кои спијат без нив
Спиењето со чорапи на нозе ги прави  да се чуствуваат непријатно и им е премногу жешко за да заспијат. Физички, ова може да укаже на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но, гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите. Нивниот личен простор им значи многу и тие ќе се дружат само со други луѓе кога ќе бидат расположени за тоа, не секогаш. Тие се многу искрени, ги привлекуваат предизвици, а за луѓето за кои се грижат, тие ќе сторат сè, само за да бидат добри, пишува Брајтсајд.                            А.Н.