четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаДарко Рундек со концерт на отворено во Охрид следниот месец

Дарко Рундек со концерт на отворено во Охрид следниот месец

На 15-ти август Дарко Рундек со својата екипа ќе има концерт на Античкиот театар во Охрид. Како што најави „Авалон продукција“, после концертот на Амира Медуњанин ова е втор нивни проект во Античкиот театар во Охрид.

Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, „Хаустор“.

-Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност – велат од „Авалон продукција“.

Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, по следниве цени и категории: ТРИБИНИ – 1.000 денари и ВИП – 1.500 денари. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ