четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаДац и Александар со онлајн емисија “Уште ми фалиш” (ВИДЕО)

Дац и Александар со онлајн емисија “Уште ми фалиш” (ВИДЕО)

Според песната “Уште ми фалиш” од 6-ти декември, недела, во терминот 20:30, (специјално направена за Youtube и нивната Facebook страница), се емитува авторската емисија на Дац и Александар. Во “ретро фазон” и со многу интересна концепција, ова популарно дуо секоја недела на гости во своето студио ќе пречекува по еден интересен гостин.

Во првата епизода гостин беше Ѓокица Лукаревски, доајен на македонското глумиште кој се наврати на својата младост и запеа песна покрај Дац и Александар. Со оваа нова интересна концепција (по карантинскиот серијал) што дуото ја овозможи на своите фанови за полесно пребродување на овој период на ладно време и социјална дистанца, се надеваат дека ќе ги стоплат срцата на сите. Гледајте секоја недела “Уште ми фалиш”, емисија за сѐ она што ви фали во животот. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ