Дај ми да бидам човек свој, порачува Мијата

Видео спотот е извадок од соундтракот на перформансот „Јаболки и круши за уметнички души“, а пораката е силна: зборува за слободата на секој од нас

80
Пејачката и кантавтор Мијата создаде одлична видео приказна за нејзината песна ,,Дај ми Да”.
Оваа тема е дел од кабаре концертот „Јаболки и круши за уметнички души“, кој по Берово и Кочани ќе отпатува во Ресен како и во други градови низ Македонија. Турнејата ќе ја заврши во Скопје на крајот на ноември.
,,Кога на уметникот ќе му овозможите да покаже што носи во себе, тогаш за него нема поголема среќа. Берово и Кочани го видоа овој кабаре концерт, еден мој проект кој овој поторно заживеа оваа есен.
Видео спотот е извадок од перформансот „Јаболки и круши за уметнички души“, а и пораката е силна, зборувам  за слободата на секој од нас” – ни изјави Мијата.
Песната „Дај ми Да“ оригинално е една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски, од легендарната група Конкорд, кој е автор на музиката.
Аранжманот  е на Трајко Симоновски-Таци со кого таа соработуваше на голем број од песните на албумот Небеска, а текстот го потпишува Мијата.
Во кабаре концертот освен Мијата учествува и Мето Јанакиевски/Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук.
„Јаболки и круши за уметнички души“ е кабаре перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018.
Погледнете го видеото ТУКА.