Ако верувате дека шемата за минимален приход како дел од сеопфатните системи за социјална заштита на ЕУ може да се имплементира и во Македонија и со тоа да се искорени или намали сиромаштијата, тогаш дојдете во 14 часот на плоштад Македонија и бидете дел од Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, кои треба да
гарантираат достоинствен живот на нејзините граѓани.
Македонската платформа против сиромаштијата, е дел од меѓународниот проект ЕмниБус и за таа цел ќе допатува брендиран Европски автобус со неколкумина претставници на Европската мрежа против сиромаштија и кои ќе повикаат на конкретни активности за
постигнување на прогресивна реализација на адекватни, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход како дел од сеопфатните системи за социјална заштита поддржани од Рамковна директива на ЕУ.
Автобусот од Солун пристигна вчера во Струмица, денеска ќе
биде во Скопје, а утре во Делчево и потоа ќе продолжи за Благоевград.
Во секој од градовите ќе се одржува настан во кој се планирани кратки поздравни говори со пораки за намалување на сиромаштијата и гаранции за достоинствен живот на граѓаните,симболично потпишување на автобусот во знак на поддршка на кампањата и симболично
потпишување на европската петиција, како и отворена дискусија со граѓански организации,институции  и граѓани кои живеат во сиромаштија.
Дополнително, планираните активности се поклопуваат со заложбата на Владата на РМ за реформи во социјалната сфера, воведување на минимален достоинствен приход и нов закон за социјална заштита, но и се во време на социјални движења во политиките на ЕУ, со што оваа иницијатива дава есенцијален прилог во креирањето на квалитетни политики за намалување на сиромаштијата.

Адресирајќи го проблемот со недоволното одржување на менструалната хигиена во услови на сиромаштија и Новинари за Човекови Права се вклучија во заедничкото одбележување на денот со Македонската платформа за сиромаштијата. На настанот, во рамките на нивната презентација, ќе ги објават резултатите од последното истражување за пристапноста на хигиенските влошки во Македонија, и ќе повикаат на намалаување на цената на истата, намалување на даночната стапка за хигиенските влошки – тие не се луксузна стока, и ќе побараат одржувањето на менструалната хигиена да влезе во родовото буџетирање. Истовремено НЧП ги повикува локалните бизнисмени и заинтересирани страни да започнат производство на хигиенска влошка за повеќекратна употреба. Нивниот експертски тим разви идеја за нејзиниот состав и нејзино производство – потребна е само компанија која што ќе ја произведе и со тоа ќе влијае на намалување на цената за одржување на менструална хигиена, ќе го намали загадувањето на животната средина и ќе има протективна улога врз репродуктивното здравје на жената…

Вреди да се биде во 14 часот на плоштад Македонија…