Поради дождовите во три фестивалски вечери, и одложените POPUP програми, фестивалот „Синедејс“ продолжува за уште еден ден – до 22 јули, сѐ со цел да се реализира 100 отсто од планираната програма, најавија организаторите.

Денеска на програмата во Градски парк во Гала програмата од 20:30 часот е проекцијата на „QUO VADIS, AIDA?“ во режија на Јасмила Збаниќ, а од 22:30 часот на „БЕНЕДЕТА“ во режија на Пол Верховен. Од истата програма во Парк Ибни Пајко од 21:00 часот се прикажува „ЕГЗИЛ“ во режија на Висар Молина, па од 23 часот следи „МИР И ХАРМОНИЈА“ во режија на Несими Јетик од SEE програмата.

Од Гала програмата во Кино Мкц Парк од 21:30 часот е „NOWHERE SPECIAL“ во режија на Уберто Пасолини, а во Кино Милениум од 22:30 часот е „Dear Comrades!“на режисерот Андреи Кончаловски.

Во Кино Фросина од 19:00 часот во Еко филм програмата се прикажува „Activist“ во режија на Петери Сарио.

Билетите за 20. Синедејс чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни. Со секој купен билет за филм, има и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден.

Распоредот на термини и локации предвидени за филмските проекции може да биде променет. За сите промени ќе има известување навреме, на веб страната и фејсбук страната на фестивалот.