Фото: Dickelbers, Wikipedia

Двајца мртви е епилогот по пукотница која утрово се случила во скопската населба Топанско поле. Од информација од ликалното население, во моментов цела населба е затворена и се врши увид од страна на МВР. Според очевидци настанот се случил околу 3 часот утрово кога две лица пукале во сега веќе двајцата мртви кои седеле во возило.

Според извори на Алсат, жртви на двојното убиство што рано изутринава, околу 03:00 часот се случи на ул. Македонско-Косовска бригада во скопската населба Топанско Поле, се Африм Бериша и Бурим Вардар. Според истите извори жртвите се застрелани во автомобил.

Од МВР засега не соопштуваат ништо и најавуваат повеќе информации во текот на денот. Засега не е познат мотивот за Убиството.

А.Н.