четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеДвајца починати, 46 нови случаи на коронавирус, вкупно заболени 430 лица

Двајца починати, 46 нови случаи на коронавирус, вкупно заболени 430 лица

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Меѓу потврдените новозаболени случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче ќе информира на редовната прес-конфенција.

Денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19. Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.со два контролни негативни теста на Ковид-19. Од клиниката се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ