Земјотрес Фото FreeImages

Утрово подрачјето на Банија во Хрватска беше погодено од уште два земјотреси со јачина од 3,0 и 2,3 степени според Рихтеровата скала, во областа Сисак и Петриња.

Според информациите на хрватската сеизмолошка служба, утрово нешто пред 9 часот се случил земјотрес со јачина од 3 степени.

Епицентарот на земјотресот, се наведува, бил на 13 километри југозападно од Сисак, а интензитетот бил во епицентарот на скалата ЕМС од III-IV степен.

На овој претходел земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Петриња. Тој земјотрес, се додава, се случил во 07:54 часот. А.Р.