Два послаби земјотреси беа регистрирани утринава во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичниот факултет утрово во 2 часот и 26 минути регистрирала земјотрес во околината на Охрид со јачина од 2,1 според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил десет километри источно од Охрид.

Вториот земјотрес е регистриран во Скопје, три минути по осум часот.  Епицентарот на земјотресот со јачина од 2.3 степени бил седум километри источно од Скопје, на длабочина од два километри.