Фото: Pixabay

Две деца, едното едногодишно, другото тригодишно, ги загубија животите во пожар што во вторникот наутро нешто по осум часот избувна во Стара Моравица, Србија.

По пријавувањето на пожарот сите екипи биле испратени на терен, а по пристигнувањето било утврдено дека пожарот зафатил три соби во станбената зграда, јавува Нова.рс.

Пожарот бил локализиран во 8 часот и 43 минути, а потоа извлечени се телата на двете несреќни деца.

Според неофицијални информации на РТС, другите две деца успеале да побегнат од куќата и да се спасат.