Македонското здружение за култура, обичаи и традиции “Гороцвет”, по повод Св.Трифун, денот кога се закројуваат лозите, и по повод Св. Валентин, Меѓународниот ден на вљубените, утре, 14. февруари 2018 година, ги најавува традиционалните Дебармаалски средби и ќе се слушнат серенадите низ едно од најстарите скопски маала.

Манифестацијата почнува во 12 часот, со симболично закројување лоза, по што следува поетско-музички перформанс во кафеаната “Кај Жабарот”. Оттаму во водите на Вардар ќе биде пуштена порака за мир и љубов, со цртеж цвеќе на мирот од македонскиот кандидат Нобеловецт за мир, Живко Поповски Цветин..

Вечерта во 18 часот со песна и музика се тргнува од кај фурната “Силбо” , каде се крши Дебармаалската погача и се наздравува со вино. Од еден балкон на ул.”Костурски херои”ќе се полијат учесниците на настанот со вода, цвеќиња и парички, за среќа. Се продолжува во кафеаната ”Антица” и се наздравува со вино на улица, потоа се оди на кафе во “Идадија III”, а во “Скопски мерак” се држи „Беседа за виното“ со песна и музика. Во слаткарницата ”Апче”учесниците се засладуваат со специјално подготвена торта.

На овие уникатни средбата ќе земат учество хорско-музичката група “Серенада” и Ансамблот на народни песни “Вања Лазарова”, Вики Среброва, Ристо Краповски, Нацка Славковска Здружение на жени со визија “Лоза”, Здружение „Хуман свет“ и други.

Во поетската програма поезија ќе читаат Лидија Јеремиќ-Лучко, Драгица Пандиловска, Анита Бошкова, Благица Филипчева, Горан Анчевски, Стојан Арсиќ, Ванѓа Штерјова, Тања Стоилковска, Љерка Тот-Наумова, Моника Стојанова, Мите Грозданов, Илко Димитриески, Валентина Ѓоргиевска – Парго, Ратко Спасовски и др.