четврток, април 25, 2024
домаДелта плус сојот се шири со голема брзина, потврден и во Австрија

Делта плус сојот се шири со голема брзина, потврден и во Австрија

По Израел, Велика Британија и Русија, Австрија потврди дека на нејзина територија е забележано драматично зголемување на новозаразените со варијантата коронавирус AY.4.2, која е позаразна од делта сојот.

Австриските служби потврдија дека се регистрирани случаи на инфекција со најновата варијанта на коронавирус, означена како AY.4.2, која во медиумите е широко означена како делта плус сој бидејќи е позаразна од оригиналниот делта сој и се стравува дека е се пренесува многу побрзо.

Инаку, бројот на новозаразени со коронавирус во Австрија експлодираше во последните денови. Експертите нервозно тресат со главите и тврдат дека подобрувањето не е на повидок, само вчера и денеска таа земја забележа речиси 7.400 новозаразени лица.

Епидемиолозите и вирусолозите посочуваат дека новата варијанта се разликува од претходниот делта сој со две мутации на Спајк протеинот – Y145H и A222, што ја прави многу позаразна. Сепак, експертите се уште не се согласиле дали тоа значи дека е значително поопасна од основниот делта сој.

– Во последните недели, повеќе од 30 случаи на инфекција со новиот делта сој на коронавирус се регистрирани во Австрија. Тој е 10 до 15 проценти позаразен од делта сојот – потврди експертот за молекуларна биологија Улрих Елинг.

Како што се посочува, новиот подтип на делта вирус „делта плус“ брзо се шири и во другите делови на Европа, особено во нејзиниот континентален дел, каде што веќе се евидентирани околу 1.000 случаи на зараза. Досега само Германија потврди дека делта плус сојот е идентификуван кај 293 пациенти на нејзина територија, додека се верува дека во Велика Британија би можело да ги има до 20.000. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ