четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаДенес никој не може да ја препознае Хедер Локлир

Денес никој не може да ја препознае Хедер Локлир

Беше најубавото лице на Холивуд, а потоа исчезна: почна да пропаѓа и со години се бореше со зависност и тешка депресија

Хедер Локлир стана позната по своите улоги во серијалот Мелроус Плејс и Династија, а некогаш важеше за најубава русокоса и ветувачка актерка во Холивуд … Но, со години,  весниците ги исполнува со не толку славни приказни.

Хедер долго време се бореше со алкохолот и зависноста од дрога, како и со големи ментални кризи и во неколку наврати имаше проблеми и со законот. Таа беше уапсена двапати во 2018 година за пијано возење, а еднаш и за семејно насилство. Ден откако излезе од притвор, испила шака апчиња и заврши во болница. Сето ова резултираше со судска одлука Локлер да оди на клиника за рехабилитација, што таа го правеше и во претходните години, но без никаква корист. Но, овој пат, се вели дека рехабилитацијата дала резултати, а Хедер на последните фотографии по напуштањето на клиниката изгледа малку подобро од порано. Најголема поддршка во оваа борба се нејзиното момче Крис Хајсер и ќерката Ава.

Холивудските аналитичари тврдат дека актерката била донесена во пропаст со стареењето и губењето на убавината и шармот што ги имала, но дека погрешните партнери и бурниот љубовен живот исто така придонеле за депресијата.

Таа  за прв пат се омажи на 24-годишна возраст, со Томи Ли, дивиот тапанар, кој честопати се поврзуваше со сатанизмот. Седум години подоцна, следеше развод и никој не беше ни изненаден од истото. Но, разводот што предизвика шок за јавноста е нејзиниот втор сопруг- Ричи Самборе, гитаристот од групата Бон Џови, со кого доби ќерка.

Сè се чинеше дека е прилично добро во нивниот брак, и тоа се до 2006 година кога Хедер ненадејно побара развод, па одеднаш дури и самиот Ричи беше изненаден. После ова, таа отиде на патот до дното….

Во 2008 година, таа побара помош во клиниката во Аризона за да се извлече од депресија, каде беше третирана со медитација. Потоа, таа најде нова љубов – четири години беше во врска со Џек Вагнер, колега од серијата Мелроус Плејс …

Но, проблемите сè уште беа очигледни – таа беше вклучена во серија сообраќајни незгоди и се повеќе се движеше под дејство на алкохол. На крајот, во 2011 година, ја прекина врската со Вагнер , а дури и полицијата мораше да реагира поради тепачка.

Актерката во март оваа година, на излегување од болницата за рехабилитација

Она што ја погоди беше романсата со Крис Хисер, нејзиниот сегашен партнер, кој  е поранешен затвореник, уапсен неколку пати за измама и кражба. Актерката се обиде да го напушти, но таа и понатаму се враќаше кон него …

Кога по петти пат отиде на лекување во 2017 година, таа изјави дека сака да се ослободи од пеколот, а во тоа време објавуваше смешни фотографии на Инстаграм, дури и оние со Хисер под кои пишуваше  „Јас сум му многу благодарна“!

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ