Од ИЈЗ информираа дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје -109. Куманово има 26 новозаболени, Штип 15, Тетово 12, Гостивар 8, Гевгелија 2. По еден ново регистриран има во Струга, Велес, Битола, Охрид, Валандово, Свети Николе и Неготино. После повеќе од еден месец повторно има заразено лице во Дебер.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009.

Н.Д.