Како што дознава Сител  регистриран е прв случај на дете заразено со Ковид-19  во скопска градинка. Информацијата за Сител ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика. Станува збор за детската градинка „13 Ноември“, во општина Центар.

Во информацијата се вели дека позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор. Во домашна излација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Во услови на КОВИД 19 кога бројот на новозаразени не запира, а на листата на новозаболени се се помлади лица, Владата на 9 септември со Одлука ги отвори Установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, а од 23 септември го прекинува продолженото породилно отсуство иако не успеа сите деца да ги запише во градинка.

Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.

А.Н.