На пазарот, како низ светот, така и кај нас се почесто можат да се најдат производи што се означени како безбедни, а во практика претставуваат голем ризик за здравјето на граѓаните.

Сликата на која се гледа девојче со лузни по лицето, на социјалните мрежи ја објави Кајли Крејвен од Илиноис, мајка на три годишно девојче на кое за подарок му донела играчка -сет шминки од брендот Allure. По употребата на шминките, за кои таа тврди дека имало ознака дека се безбедни за користење, нејзините три-годишна ќерка добила алергиска реакција која резултирала со отечени очи, плускавци и осип по цело тело. На фотографиите можете да се види лицето на девојчето  како резултат на користење на овие производи.

– Лидија не можеше да јаде со денови од раните што ги имаше на усните. Утврдено е дека во овој производ имало дури шест хемикалии кои предизвикуваат алергиска реакција. “, напишала мајката под сликата што ја објави на социјалните мрежи и што за помалку од 24 часа беше видена од 200.000 посетители на нејзината објава.

Продавницата од каде бил купен сетот веднаш реагирале негирајќи дека шинките содржеле токсични хемикалии, но педијатарот кој ја третирал кожата на девојчето потврдил дека кај неа се јавила алергиска реакција на кожта како резултат на користење на шминката. Девојчето сега се чувствува многу подобро, со оглед на терапијата, а нејзината мајка ги повикуваа другите родители да обрнат внимание при купување на производи за деца (како што се шминките) и да не им дозволуват на децата да се шминкаат по лицето за да не се повтори  она што и се случило на нејзината ќерка.

НАШЕ БЕБЕ апелира до родителите да внимаваат какви играчки им даваат на нивните деца и никако да не им купуваат играчки како што се шминки, парфеми, козметика…