четврток, април 25, 2024
домаЖивотСцена"Детска Насмевка за овој Свет” - хуманитарен настан во чест на животот...

“Детска Насмевка за овој Свет” – хуманитарен настан во чест на животот и делото на Тоше Проески

Хуманитарниот настан “Детска Насмевка за овој Свет” во чест на животот и делото на Тоше Проески ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29ти јуни. Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија. Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен киќата на Тоше Проески. Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија. Организаторите покануваат на незаборавна ноќ, славејќи и уживајќи во духот и музиката на Тоше и неговата љубов кон децата, порачувајќи повторно заедно да го доживееме “Ѕвезденото Небо” на Тоше!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ